Посни солени бомбици

500 г варени компири
200 г растителен кашкавал
200 г растително сирење
200 г посен мајонез
1 лажица сол
1 китка магдонос
50 г ленено семе
50 г лупен сончоглед
200 г растителен кашкавал
Компирите се варат и на покрупната страна од рендето се рендаат во длабок сад. Кашкавалот и сирењето исто се рендаат покрупно, и се додаваат во садот. Се додава сол и мајонез и се замесува  компактна смеса. Се формираат бомбици со големина на орев.
Магдоносот ситно се сечка и една третина од бомбиците се валкаат во магдонос.
Лененото семе и сончогледот се запечуваат околу 5 минути во тава без масло. Во нив се валка втората третина од бомбиците.
Кашкавалот се ренда на ситната страна од рендето и во него се валка последната третина од бомбиците.

Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.