Почина актер од „Пиратите од Карибите“: Ајкула го нападнала додека сурфал, лекарите можеле да констатираат само смрт

Професионалниот сурфер и спасител Тамајо Пери (49), кој имаше помала улога во четвртиот дел од „Пиратите од Карибите“, загина откако бил нападнат од ајкула додека сурфал на Хаваи.

Пери во неделата бил нападнат од ајкула во близина на островот Оаху, спасувачите го донеле на брегот, но службите за итни случаи можеле само да прогласат дека е мртов, соопшти итната служба, пренесе АП.

Пери работеше како спасител од јули 2016 година и беше високо ценет, според американската агенција.

Surfing legend and ‘Pirates Of The Caribbean’ actor Tamayo Perry killed in shark attack in Hawaii https://t.co/fQEnVfijU4 pic.twitter.com/d45dbBC7mD— New York Post (@nypost) June 24, 2024
По нападот, властите издадоа предупредување за ајкули во областа.

Вршителот на должноста шеф за безбедност на океанот во Хонолулу, Курт Лагер, рече дека Пери е „сакан спасител“ и професионален сурфер познат низ целиот свет, пишува Sky News.Градоначалникот на Хонолулу, Рик Бланџарди, рече дека Перти е добро почитуван и дека неговата смрт е „трагична загуба“.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.