Превкусен чизкејк со јагоди

ЗА ПОДЛОГА
300 г мелени бисквити
100 г шеќер во прав
150 г маргарин
ЗА БЕЛ ДЕЛ
350 г крем сирење
200 мл кисела павлака
350 мл слатка павлака
200 г шеќер во прав
2 кесички ванилин шеќер
1 кесичка желатин ( 10 г)
ЗА ЖЕЛЕ
300 г јагоди
3 лажици шеќер
1 кесичка желатин
Измешајте ги мелените бисквити и шеќерот во прав, па додадете го растопениот маргарин. Откако смесата ќе се соедини ставете ја на дното на калап бр 24 и притиснете ја со лажица или со рака. Оставете ја во фрижидер додека го подготвувате кремот.
Измешајте ги сирењето и киселата павлака со шеќерот во прав. Изматете ја слатката павлака и додадете ја на претходната смеса. Потоа додадете го желатинот размешан со 5 лажици вода и загрејте го на оган без да зоврие. Помешајте и нанесете врз подлогата од бисквити.
Измешајте ги јагодите со шеќерот, па ставете ги на рингла малку да зовријат. Желатинот размешајте го со 5 лажици вода, додадете го во јагодите, варете уште една минута, па тргнете од рингла. Добро измешајте за желатинот да се стопи и оставете смесата да се излади. Откако смесата ќе се стегне нанесете ја врз белиот крем и оставете го колачот во фрижидер неколку часа да отстои. Потоа, само отстранете го обрачот од калапот, исечете и послужете.

Loading...