Претседателски кандидат на СДСМ и ДУИ е Стево Пендаровски

Loading...

Стево Пендаровски е претседателски кандадат на СДСМ и на коалицијата за претстојните избори закажани за 21-ви април. По тричасовни партиски консултации партијата одлучи да го предложи Пендаровски за претседателски кандидат, објави ТВ “Телма“.
Пендаровски од почетокот важеше за еден од посериозните кандидати, кој имаше подршка и во партијата и меѓу граѓаните, но и кај албанските партии и странскиот фактор.
Веднаш по состанокот, лидерот на СДСМ Зоран Заев замина во скопски хотел, каде го очекуваат лидерите од коалицијата предводена од СДСМ на дополнителни консултации.
Пендаровски беше кандидат на СДСМ и на претходните избори.

 

 

loading...