![Приведен жител на Дебреше поради закани и кражба на мобилен телефон Приведен жител на Дебреше поради закани и кражба на мобилен телефон](https://cdn-5859be45f911ca35ec95022d.closte.com/wp-content/uploads/2024/05/policija-galate-2.jpg)
Полициските службеници од Полициската станица Галате вчера на 16 мај, во 11:50 часот, го привеле С.С. (35) од гостиварско село Дебреше. Приведувањето следело откако Л.Е. (34) од Гостивар пријавила дека С.С. претходниот ден се однесувал агресивно кон неа, заканувајќи и се со остар предмет, а при тоа и го одзел и мобилниот телефон.
Се работи на расчистување и документирање на случајот при што против С.С. ќе следува соодветен поднесок.
Сподели ја веста: