Пролетниот појадок кој децата ќе го обожаваат: Полн е со протеини и сезонски зеленчук

Пролетта носи нови можности кога е исхраната во прашање, а нутриционистите препорачуваат да ги искористиме нејзините подароци и да вклучиме што повеќе јадења од зеленчук во дневното мени за сите три оброци.
Ви пренесуваме рецепт за вистински пролетни матени јајца, кој не само што е вкусен, туку дава и многу енергија за новиот ден.
Состојки:
3 јајца
50гр спанаќ
1 помал домат
сол, бибер
5 парчиња шампињони
50гр кашкавал
магдонос
масло
Подготовка:
Изматете ги јајцата, додадете сол и бибер по вкус. Спанаќот, печурките и доматите исечкајте ги ситно, па додајте ги во јајцата.
Загрејте го маслото и истурете ги јајцата и зеленчукот во тавата. Пржете неколку минути, па внимателно свртете, па пропржете ја и другата страна. Изрендајте го кашкавалот, посипете го омлетот додека е во тавата, намалете ја температурата на ринглата и почекајте да се растопи кашкавалот. Одозгора посипете со магдонос.

Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.