Пченкарни лепчиња со мед од рузмарин и лимон

Овој рецепт за пченкарни лепчиња доаѓа од домородните Американци, а погледнете како можете да ги подготвите и вие.
Пченкарни лепчиња со мед од рузмарин и лимон
Потребни состојки:
За лепчињата:
125 милилитри вода
2 лажици мед
250 г пченкарно брашно
1 лажица сода бикарбона
1 лажица сечкан млад кромид (за украсување)
растително масло за пржење


За медот:
1 мал лимон
3 гранчиња свеж рузмарин
250 г мед
Начин на подготовка на лепчињата:
Во мала тава ставете ги водата и медот да зовријат на средна топлина.
Во голем сад ставете го пченкарното брашно, содата бикарбона и кромидот. Додајте ја смесата со вода и мешајте додека не се формира густо тесто. Потоа разделете го тестото на 8 мали кругчиња.
Ставете го растителното масло во тава и загрејте го на средна топлина. Проверете со термометар додека не регистрира 350 степени.
Ставете ги кругчињата едно по едно во тавата. Пржете ги околу 1 минута од двете страни се додека не добиете златно кафена боја.
Користејки спатула, извадете ги и оставете ги да се исцедат на хартија. Послужете со медот со рузмарин и лимон.
Начина на подготовка на медот:
Излупете ја кората од лимонот на долги ленти. Оставете го лимонот за друга употреба.
Во мало тенџере, комбинирајте ја кората од лимонот со рузмаринот. Мешајте со дрвена лажица. Потоа додадете го медот и гответе на средна топлина околу 10 минути. Мешајте повремено и не оставајте да зоврие.
Отстранете го од топлината и оставете 30 минути да се олади. Чувајте го медот неколку недели во херметички сад на собна температура.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.