Раде Трајковски Штекли, кој беше ранет во пукотница во трговски центар во Скопје, бил предупреден дека ќе биде на мета на куршум. Имено, пред неколку дена на социјалната мрежа ТикТок беше објавена фотографија од Трајковски со морничава порака.
- Зеленски потврди дека е постигнат договор со Русија за тридневно примирје
- ВРЕДИ утре на Конгрес за обединување во еден политички субјект
- Трамп: Украина и Русија се согласија на тридневен прекин на огнот
- Никогаш не треба да ги јадете овие намирници на празен стомак
- Швајцарија сака да го ограничи бројот на жители на 10 милиони: Граѓаните излегуваат на референдум во јуни
- Четири „нискокалорични“ намирници кои се лоши за срцето
- Русија се согласи со иницијативата на Трамп за воспоставување тридневно примирје
- Мицкоски: Не гледам причина зошто да не го поканам Радев
- Ова се највалканите места во авионот: Стјуардесата Даниела откри сè, нема да верувате што видела
– Раде, знам дека се плашиш, но што можеш да правиш, живот, тоа е тоа – пишувало заедно со фотографијата која била објавена на профилот Gjakugjak на ТикТок.
Фотографијата оттогаш е отстранета од сметката.
Да потсетиме, Трајковски и уште еден маж беа ранети при спуштање по ескалаторот. Непознат напаѓач испукал неколку куршуми кон нив, а потоа побегнал од трговскиот центар.
Полицијата објави фотографија од осомничениот за нападот, а по него во тек е интензивна потрага. Трајковски и уште еден маж итно се пренесени во болница. Еден од нив е тешко ранет, но лекарите не сакале да го откријат идентитетот на човекот чиј живот е во опасност. Во тек е операција.
Според неофицијални информации, мажот се здобил со повеќе прострелни рани во пределот на градниот кош и стомакот.
Да потсетиме, Трајковски и претходно беше поврзуван со убиството на фудбалерот Мартин Јанушев. Според македонските медиуми, тој потоа побегнал во Србија, од каде бил екстрадиран во Македонија. Меѓутоа, против него никогаш не биле пронајдени докази и тој не бил кривично гонет за ова убиство.
Ова е вторпат за неколку месеци Трајковски да биде цел на напад. Пред два месеци непознато лице пукало од автоматско оружје кон автомобилот во кој се наоѓал. Нападот се случил во истиот трговски центар во гаражата, но Трајковски во таа прилика не бил повреден.
Пронајдете не на следниве мрежи:



