Албанскиот премиер Еди Рама продолжува да дава појаснувања за италијанските медиуми околу прашањето за имигрантите кои од Италија ќе бидат трансферирани во прифатни центри во неговата земја.
Во интервју за „Кориере дела сера“ одговора на критичките гласини дека меѓу бегалците може да има и терористи.
- Историски потег на Пјонгјанг: Ким Џонг Ун го промени уставот, дефинитивно ставајќи крај на сонот за обединета Кореја
- Марш на ангелите во сабота: Да покажеме дека нема да молчиме и да заборавиме
- Во овој момент нема услови за уставни измени, вели шефот на македонската дипломатија
- Детал од тренингот на Ѓоковиќ што никој не го пропушти
- Трамп не запира: Ќе потроши 400 милиони долари за овој проект
- Кејт Мидлтон се враќа на должностите: Прва странска посета откако се разболе од рак
- Шпанската полиција заплени околу 40 тони дрога вредна милијарда долари
- Сигнал за бегство од земјата? Две третини од Унгарците сакаат да го видат Орбан на обвинителната клупа
- Трендафилов: Добивка од 881 милион евра кај 100 најпрофитабилни компании во земјава и работниците не биле продуктивни?!
– За да се гарантира максимална безбедност, вели тој, имигрантите ќе поминат низ филтерот на безбедносните агенции на двете земји. – Нема причина да се плашиме. Едноставно мораме да имаме волја и грижа да ја исполниме оваа заложба со почитување на човечкото достоинство и правилата утврдени за функционирање на оваа заедничка операција, кои вклучуваат и контрола од безбедносните агенции на двете земји, појасни Рама.
Додека Европа се соочува со огромен бран имигранти, шефот на албанската Влада посочува дека немало слично барање од други земји од ЕУ, но и доколку имало, гарантира дека одговорот секогаш ќе бил негативен.
– Не сме контактирани и нема да бидеме отворени за никакви барања, исто како што не бевме отворени за слични барања пред да пристигне барањето од Италија. Во Рим не можевме да кажеме „не“ бидејќи имаме долг на благодарност што никогаш нема да можеме да го вратиме и никогаш не смееме да го заборавиме, потанцира премиерот на Албанија.
Според него благодарноста кон Италија е за прифаќањето на илјадници албански граѓани по падот на тоталитарниот режим, кога земјата ја зафати масовен егзодус.
Спогодбата потпишана меѓу двајцата премиери Рама и Џорџа Мелони се очекува да помине на ратификација во албанскиот парламент, а потоа да почне да се применува од пролетта 2024 година.
Ќе профункционираат два прифатни центри каде месечно ќе бидат сместување по три илјади, а годишно 36 илјади мигранти, за што сите трошоци ќе ги сноси италијанската страна.
Пронајдете не на следниве мрежи:



