Санта мраз поголема од Њујорк се одвои од Антарктикот

Loading...

Огромна санта мраз се одвои од вечниот мраз на снежниот континент, како последица на глобалното затоплување.
Климатските промени и натаму продолжуваат негативно да влијаат врз планетава. Просечното зголемување на температурата на Земјата прави вечниот мраз полека да се топи, а тоа често се случува и преку одвојување на санти мраз.
Последната ваква лоша вест доаѓа од научниците на Британската мисија на Антарктикот кои пријавија дека пукнатината која пред десетина години се појавила на глечерот кај Веделовото Море сега резултирала со целосно одвојување на огромна санта мраз.
Сантата мраз е масивна, по површина е поголема од Њујорк кој има 1.212,60 километри квадратни.

loading...