Со сериозни проблеми се соочува градоначалникот на општина Велес, Марко Колев откако Инфомакс објави дека општинат набавила механизација за бележење на хоризонтална сигнализација по цена неколку кратно поголема од онаа по која што истата се продава.
Општината Велес ја набавила машината за 2.596.000 денари или приближно 42 илјади евра иако истите машини можат да се најдат по цена од 2 до 3 илјади евра на интернет, што значи дека истото е платено 10 кратно повеќе. Соогласно документацијата машината ја набавува општината, а потоа истата ја дава на користење на Јавното комунално претпријатие „Дервен“ Велес.

Но проблемите за градоначалникот Марко Колев не завршуваат тука затоа што претпријатието Дервен воопшто нема регистрирано дејност за бележење на патишта, а илјадници евра се дадени бадијала. Потписник на одлуката е претседателот на Советот на општина Велес е Зоран Љутков.

Во Централниот регистар ЈКП Дервен нема регистрирано дејност сообраќаен инжењеринг што значи дека легално Дервен не може да се бави со цртање на хоризонтална сигнализација.

Ваквата новонастаната ситуација, но и фактот што МВР и обвинителството веќе постапуваат по допрен глас по однос на набавката на ваквата механизација, предизвикала вистинска паника кај Колев и неговиот кабинет.
Да се потсетиме дека ваква механизација набавиле и други општини со кои раководат градоначалниците на Мицкоски. Машина за бележење на хоризонтална сигнализација во Општина Битола е набавена за рекордни 2 милиони и 950 илјади денари односно повеќе од 50 илјади евра, покажуваат податоците од јавните набавки.
- Митко Чавков е пуштен на условен отпустПоранешниот министер за внатрешни работи, Митко Чавков, кој беше осуден во случајот „27… Read more: Митко Чавков е пуштен на условен отпуст
- Поскапуваат гориватаОд полноќ поскапуваат горивата. Регулаторната комисија за енергетика ги објави новите цени според… Read more: Поскапуваат горивата
- Казни од „Безбеден град“, 38 жалби во текот на априлКривичниот суд објавува дека во текот на месец април се регистрирани 38 жалби… Read more: Казни од „Безбеден град“, 38 жалби во текот на април
- Уште една вработена ја тужи Кајли Џенер за дискриминација и злоупотреба: „Ја молев за помош“Откако Анџелика Васкез – која неодамна поднесе тужба против Кајли Џенер тврдејќи дека… Read more: Уште една вработена ја тужи Кајли Џенер за дискриминација и злоупотреба: „Ја молев за помош“
- (Видео и фото) Голем пожар во Визбегово – горат стари возила кај обиколницаГолем пожар во Визбегово – екипите на Противпожарната бригада се активни на терен.… Read more: (Видео и фото) Голем пожар во Визбегово – горат стари возила кај обиколница
Јавно претпријатие од Битола набавило „тракторче“ за 2.950.000 денари од фирмата „ФИРСТ-ИНГ“ ДОО увоз-извоз Скопје. Исто такво чини драстично помалку на онлајн сајтови од каде може да се набави иста ваква, или слична механизација. Симптоматична е цената на „тракторчето“, особено доколку се погледне набавката на слична или иста ваква механизација. Останатите општини, иако набавиле ваква механизација за високи суми, тие повторно се драстично помали од набавката која ја направило претпријатието од Битола и Општина Велес.
Пронајдете не на следниве мрежи:



