12 борбени хеликоптери од советско производство ќе ги донираме на Украина.
Ова на прес конференција го истакна Министерката за одбрана Славјанка Петровска која порача дека нашата армија се модернизира со најсофистицирано вооружување, па затоа нема место за опрема која е произведена во 1984 година која со години стои само како бројка, а е со истечен ресурс.
„Пред завршна фаза сме во анализа за набавка на 8 повеќенаменски хеликоптери за што се пристигнати пет понуди од различни земји. Нашата намера е со сите овие набавки да одиме согласно принципот на договор влада со влада како гарант дека овие договори се ослободени од сомнеж по секоја основа, вклучително и сомнежот за корупција. Последна одлука е донирање на 12-те борбени хеликоптери за Украина за што Владата донесе одлука пред два дена“, изјави Петровска.
Како што кажа министерката, доколку не ја донираме опремата, за одреден период ќе треба да платиме за да ја уништиме.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.