Собранието ќе биде распуштено на 11 февруари, по што Талат Џафери ќе распише предвремени парламетрани избори

Loading...

Собранието ќе биде распуштено на 11 февруари, а веднаш потоа претседателот на законодавниот дом Талат Џафери ќе ги распише предвремените парламетрани избори што треба да се одржат на 12 април.
На денешната средба со новинарите Џафери рече дека според Уставот, изборите треба да се одржат во рок од 60 дена од самораспуштањето на Собранието. Избрите ќе се одржат според досегашниот изборен модел.
Во однос на ратификацијата на Протоколот за НАТО, Џафери рече дека по распушатењето нема можност за свикување на Собранието. За ратификација на Протоколот ќе треба да се чека новиот парламентарен состав.

loading...