Стаклена коса – новата омилена фризура на најпознатите холивудски дами

„Glass hair“, или на нашки, Стаклена коса, е новиот хит помеѓу девојките во Холивуд. Оваа фризура, секако, нема никаква поврзаност со самото стакло. Всушност, нејзиното име дошло поради изгледот на косата што делува баш како таа да е стаклена.
Оваа фризура се карактеризира со свилена коса и остри врвови, што изгледаат толку сјајно што некој би помислил дека влакната се направени од стакло. Иако овој ефект може да се постигне со коса на различни должини, сепак најчесто се забележува на боб и лоб.


Се верува дека овој тренд е започнат од страна на фризерката Џенифер Јапез уште пред неколку месеци, но станала популарна дури откако дел од најпознатите дами почнале редовно да ја носат. Така, со неа можете да ги видите Џена Деван, Ким Кардашијан, како и Оливија Кулпо.
Па, што мислите вие за оваа фризура? Дали ве инспириравме доволно за да го посетите вашиот фризер и да направите интересна и впечатлива промена во стилот?

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.