Турција ги повлекува војниците од Сирија, постигнат е историски договор!

Голем ден за арапската земја разурната од војна.

Бахреинскиот весник Ал Ватан пренесува, цитирајќи неименувани извори, дека учесниците на состанокот се согласиле дека курдските единици поврзани со Курдистанската работничка партија „се агенти на САД и Израел и претставуваат најголема закана за Сирија и Турција“.

Покрај тоа, тема на разговорот беше и спроведувањето на договорот за отворање на стратешкиот автопат М4, кој ги поврзува западните и источните региони на Сирија, пренесува новинската агенција ТАСС.

Руското Министерство за одбрана на почетокот на неделава соопшти дека министрите за одбрана на Русија, Сирија и Турција се состанале во главниот град на Русија за да разговараат за начините за решавање на сириската криза, проблемот со бегалците и заедничките напори за борба против терористичките групи во Сирија.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.