17-годишна девојка од Косово е тешко повредена откако во неа удрил електричен тротинет на булеварот „Илинденска“ во Тетово, а возачот избегал, соопшти Министерството за внатрешни работи.
„На 9 ноември 2026 година, во 11:45 часот, случајот бил пријавен во СВР Тетово. Повредената малолетничка била пренесена во Ургентниот центар во Тетово, каде што ѝ биле констатирани тешки телесни повреди“ соопштија од тетовската полиција.
Полициска екипа извршила увид на местото на несреќата, а се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето кое управувало со тротинетот и за целосно расчистување на случајот.



