Уапсена група што криумчари емигранти

Loading...

Четворица криумчари на мигранти кои од Грција преку нашата земја ги пренесувале до Србија за цена од 500 до 700 евра по лице се приведени денеска од страна на полицијата.

Како главни организатори се појавуваат двајца браќа од Богданци заедно со група на соработници од Грција. МВР извести дека во координирана акција биле приведени четворица од шестчлената криминална група која се занимавала со криумчарење на мигранти. Мигрантите со помош наГрците од групата биле спроведувани најчесто од Струмица, Дојран и Гевгелија до Кумановско и Липково со коли.

„Таму ги чекало лице кое било задолжено за нивно сместување како и за понатамошен трансфер до Република Србија и до земјите од Европската Унија“ рече за медиумите портпаролот на МВР Тони Ангеловски.

Ангеловски посочи дека главно се пренесувани лица од Авганистан, Пакистан и Ирак но и од други земји од блискиот и од средниот исток. Полицијата извршила претрес на неколку локации и запленила патничко возило и мобилни телефони, но и потврди за извршени уплати преку агенти за брз трансфер на пари, пиштол и муниција.

* * * * Следете не на Фејсбук. * * * * Имаме интересни содржини секој ден, сите не се објавуваат на сајтот!!
loading...