Телата на 18 мигранти се пронајдени во напуштен камион кај селото Локорско кај Софија, соопшти бугарското Министерство за внатрешни работи, пренесува Btvnovinite.com.

Уште 14 лица се префрлени во болниците во Софија во тешка состојба, а на најмалку десет лица им била укажана помош на местото каде што биле пронајдени.
- Ракометарите ги почнуваат подготовките за баражот со Словачка
- Мицкоски: Нашата борба е за знаење, развој, институции и за достоинствен живот
- СЗО препорача 42-дневен карантин за патниците од крузерот каде изби епидемија на хантавирус
- Ахмед ал-Шара ги отстрани двајцата браќа од високи позиции по обвинувања за непотизам
- Мицкоски го посети Пустец: Помладите генерации не треба да ја плаќаат цената на политичките поделби
Се проценува дека во шлеперот кој превезувал дрва имало вкупно 40 лица. Бугарските медиуми јавуваат дека мигрантите биле скриени во специјално скривалиште под товарот и дека долго време поминале без храна и вода
Според бугарските медиуми, возачите побегнале и по нив се трага.
Инаку, камионот бил пронајден два часа по полноќ.
Истрагата е во тек, а на терен се бројни полициски и возила на брза помош.
Пронајдете не на следниве мрежи:


