Ципрас доаѓа во Скопје

Loading...

Лидерот на СИРИЗА и поранешен премиер на Грција, Алексис Ципрас, следниот вторник, на 1 октомври ќе биде во Скопје, на конференцијата посветена на Западен Балкан што ја организира „Економист“.
„Зајакнување на моментумот за европска интеграција“ е насловен Самитот за Западен Балкан, на кој на различни панел дискусии ќе дебатираат, меѓу другите и премиерот Зоран Заев, вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи, министерот за надворешни работи Никола Димитров, министерката за финансии Нина Ангеловска, лидерот на СИРИЗА и поранешен премиер на Грција Алексис Ципрас, поранешниот претседател на Европскиот парламент Мартин Шулц, поранешниот помошник државен секретар на САД Вес Мичел, заменик претседателот на ЕП и европратеник од СИРИЗА Димитрис Пападимулис, поранешниот премиер на Белгија Гај Ферхофштад итн.


Конференцијата, официјално ќе биде отворена со обраќање на премиерот на Северна Македонија, на тема „Стабилност и развој во Југоисточна Европа, дали сме на правилниот пат?“
На посебна панел дискусија, во рамките на еднодневната конференција
Заев, Ципрас и Шулц ќе дебатираат за тоа „Кои се следните чекори за европска интеграција на Западен Балкан?“.

loading...