ИАКО ВЕЌЕ ПОЛЕКА ГАСНЕ НАДЕЖТА ДЕКА ЌЕ ИМА НОВИ СПАСУВАЊА СЕ СЛУЧИ ЧУДО: Девојче е спасено од урнатините на зграда во провинцијата Хатај, дури 150 часа после земјотресот кој ја погоди Турција во понеделникот, јавува Анадолија.

Припадниците на спасувачката екипа девојчето го спасиле од урнатините од зграда во Хатај, една од десетте провинции кои се погодени од разорниот земјотрес. На видео снимката се слуша разговорот на девојчето и здравствените работници додека ја носат на носилки. Можеше да се види како девојчето се тресе од студ.


