Ѓеорѓиевски за ТВ 24: Јавна тајна е во државата дека постојат девијантни појави

Орце Ѓеорѓиевски градоначалникот на Кисела вода и првиот човек на ЗЕЛС во емисијата 24 анализа рече дека јавна тајна е во државата дека постојат девијантни појави на примање на мито со години наназад без разлика која партија е на власт.

– Недовербата во судството од страна на граѓаните којашто е на најниско ниво, говори дека сето ова е оправдано. Со самото формирање на новата влада и постапувањето на институциите како што треба конечно ќе се стави ред. Она што го очекуваат граѓаните е вистинско спроведување на правото и законите, да нема повластени пред законот. Поради вакви девијантни појави, во минатото се случувале небулозни пресуди и бевме сведоци за истите. – рече Ѓеорѓиевски.

Пронајдете не на следниве мрежи: