Потврдувам дека со восхит, со чиста совест и со полна одговорност преземам задача која ми ја доверија граѓаните преку нивните претставници, рече Талат Џафери во првата изјава по изборот за технички премиер.
„Останувам доследен на фактот дека работата на владата ќе биде транспарентна, отчетна, одговорна, пред се пред граѓаните и нивните претставници, во интерес на граѓаните и за напредок на државата“, рече Џафери.
- Иран воведува нов механизам за транзит низ Ормутска ТеснинаИран воведе нов механизам за управување со поморскиот сообраќај низ Ормуска Теснина, јавија иранските… Read more: Иран воведува нов механизам за транзит низ Ормутска Теснина
- Што се случува со вашето тело ако јадете домати секој ден?Доматите се една од најомилените јадења во светот и неопходен дел од многу кујни,… Read more: Што се случува со вашето тело ако јадете домати секој ден?
- Изгледот на Лорен Санчез е критикуван: „Како можеш да се омажиш за милијардер, а сепак да изгледаш како да си од Тему?“ (фото)Сопругата на Џеф Безос, Лорен Санчез Безос, е една од главните теми на овогодинешната… Read more: Изгледот на Лорен Санчез е критикуван: „Како можеш да се омажиш за милијардер, а сепак да изгледаш како да си од Тему?“ (фото)
- Владета Јеротиќ откри зошто балканските мажи бегаат од паметните жени: „Има едно нешто што не можат да го поднесат!“Во време кога често се дискутира за улогата на жените во семејството и општеството,… Read more: Владета Јеротиќ откри зошто балканските мажи бегаат од паметните жени: „Има едно нешто што не можат да го поднесат!“
- Димитриевски прашува каде е фамозното УСБ: Што договарале Пендаровски, Ковачевски, Ахмети и Груби за враќање на Груевски?Претседателот на ЗНАМ и актуелен градоначалник на Куманово, Максим Димитриевски, во своето гостување во… Read more: Димитриевски прашува каде е фамозното УСБ: Што договарале Пендаровски, Ковачевски, Ахмети и Груби за враќање на Груевски?
Тој додаде дека не можеа а да не го коментира фактот што на заедничката фотографија од новата влада ги нема претставниците на опозицијата.
„Почитувани граѓани, да не ве загрижува сликата која што ќе ја видите без нив. Работата на владата ќе биде суштинска со нив, затоа што и тие, исто како и ние имаат законска обврска да одговорат на обврската што ја преземале од вас преку оние што гласаа „за“ составот на влада, но таа обврска е преземена и од тие што не гласаа, што не беа таму. Таа е слика на која сте навикнати да ја гледате и во работата на Собранието. Пред камери е едно, а кога треба да се работи е друго. Бидете спокојни, јас ќе дадам се од себе заедно со тој тим кој е составен денеска од ваше име, да ги исполни вашите очекувања. Секој кој ќе постапи спротивно, се коси со законот, а во оваа држава има закони и прописи кои треба да се спроведат“, посочи Џафери.
Пронајдете не на следниве мрежи:



