Ако Леброн го надмине Џабар ќе снема аргументи дека Џордан е најдобриот!

Германската легенда Дирк Новицки, кој доби статуа пред салата на Далас Маверикс во негова чест после 21-годишната кариера во овој клуб, посочи дека Мајкл Џордан засега останува најдобриот кошаркар во историјата, ама ќе снема аргументи за такво нешто ако Леброн Џејмс успее да го надмине Карим Абдул Џабар по број на поени.

Новицки за 21 година во Далас дојде до шестото место на вечната листа на стрелци со 31.560 поени или просек од 20,7 поени по меч во 1.522 меча. А, Германецот имаше само пофалби за Леброн Џејмс, кој сè повеќе го предомислува во дебатата дали Џордан останува или Џејмс ќе го надмине во трката за – најдобар на сите времиња.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.