Алкохолниот сладолед е идеално задоволство за жешките летни денови

За време на топлите и сончеви денови, ние често посакуваме нешто ладно и освежувачко, а најдобриот начин да ја задоволиме таа потреба е да подготвиме „пијан“ сладолед
Овие ледени лижавки со додаток на алкохол се совршени за скари, прослави на родендени или како десерт за викенд. Со нив ќе можете уште повеќе да уживате во летото и топлите зраци на сонцето.
Џин – тоник лижавче
Состојки:
100 мл џин
25 грама шеќер
16 грама јагоди
2 лимети
4 ливчиња босилек
2 лименки од кој било тоник


Подготовка:
Сварете мала количина вода во сад. Ставете го шеќерот во садот со зовриена вода и мешајте додека не се раствори шеќерот. Исечете ги јагодите по должина, исечете една од лиметите на половина и исцедете го сокот во шеќерната вода. Исечете ја другата лимета на кришки. Во изладената смеса додадете џин и тоник и измешајте сè добро. Ставете лист од босилек во секој калап за сладолед, заедно со парчиња јагода и лимета. Наполнете ги калапите точно до работ и ставете стапче во секој од нив. Замрзнете преку ноќ. Оваа количина е доволна за четири лица.
Сладолед од лубеница, вотка од малина и киви
Состојки:
300 грама лубеница
30 малини
100 мл вотка со вкус на малина
2 киви
Малку лимонада


Подготовка:
Исечете ја лубеницата и ставете ја во блендер. Измешајте ја заедно со вотката. Процедете ја мешавината од лубеница и вотка низ сито во бокал или сад. Ставете околу пет малини на дното на секој калап за сладолед, ви треба околу еден сантиметар простор на врвот на калапот, а потоа турнете ги малините надолу. Истурете ја мешавината од лубеница и вотка во калапот и ставете ја смесата во замрзнувач еден час, или додека не се замрзне сокот од лубеницата, но не целосно. Додека се замрзнува, извадете ја кората од кивите и исечете ги на коцки.
Додадете киви на коцки на горниот дел од калапот и притиснете го. На крај, истурете лимонада или бистар сок над сè што е во калапот. Ставете го стапчето во секоја форма и ставете го сладоледот повторно во замрзнувачот додека не се замрзне целосно. Оваа количина е доволна за 4-6 лица.
Веганска ледена пина колада
Состојки:
250 грама ананас
100 мл ликер од кокос
50 мл сируп од агаве
400 мл кокосово млеко
Подготовка:
Исечете 200 грама ананас и додадете го во блендер заедно со ликерот од кокос, сирупот од агаве и кокосовото млеко. Мешајте додека не се изедначи смесата. Истурете ја смесата низ сито за да ги отстраните сите остатоци. Исечете ги преостанатите парчиња ананас на парчиња, за да бидат потенки. Додадете ги во калапи за сладолед. Истурете ја смесата во калапите и ставете ги стапчињата во секоја од нив. Замрзнете преку ноќ и уживајте. Количината на состојки е доволна за осум лица, пишува Метро.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.