четврток, 12 ноември 2026
Најново

Арапски палачинки со многу дупчиња и многу повкусни од обичните – рецепт за мек и неодолив десерт

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Рецептот за арапски палачинки задолжително мора да го имате затоа што таквите палачинки се совршени.

Популарните арапски палачинки се посебен специјалитет во Алжир, Мароко и Тунис. Мали се, сунѓерести и се прават од гриз или брашно.

Кога правилно ќе се подготват, имаат многу дупчиња кои го впиваат било кој сос или прелив при сервирање. Најчесто се јадат со мед и путер, но исто така може да се исечат и на коцкички и да се послужат со џем.

ПУЛС24.МК - 14 ГОДИНИ

Состојки:

  • 2 шолји гриз;
  • 1 шолја брашно;
  • 1 ќесичка сув квасец;
  • ¼ лажичка прашок за печиво;
  • ½ лажичка сол;
  • ½ лажичка шеќер;
  • 2 јајца;
  • 1 шолја топло млеко;
  • 2 шолји топла вода.

Подготовка:
Сите сотојки измешајте ги со миксер додека не добиете мазна смеса. Оставете го тестото да отстои половина час.

Кога на површината од тестото ќе настанат меурчиња, тестото е спремно за печење.

Загрејте ја тавата со средна величина, па со полна црпалка разлејте го тестото и оставете самoстојно да се направи обликот на палачинка. Печете една минута до две, без вртење.

Сервирајте по желба, на здравје!

Поврзани вести