четврток, 12 ноември 2026
Најново

 Бели тестенини со пилешко и печурки, готови за помалку од 10 минути

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Готово за час.
Доколку барате вкусен ручек кој брзо ќе го подготвите, со тестенините никогаш нема да погрешите.
Апсолутно сите сакаат тестенини, а речиси секогаш се подготвуваат брзо и лесно.
За оваа паста ви треба:
пилешко, 500 гр
павлака за готвење, 500 мл
жолчка од јајце, 1 парче
горгонзола, 100 гр
сол, половина кафена лажичка
печурки
шпагети или тестенини, 500 гр


Подготовка:
Пилешкото исечкајте го и пропржете го на оган неколку минути. Додадете ги печурките на половина од пржењето. Кога е готово, сервирајте во друг сад, а во истото тавче истурете го кремот за готвење, едната жолчка, половина лажичка сол и сечканата горгонзола.
Мешајте додека не почне да врие, па во сосот истурете ги печурките и месото. Продолжете да готвите на тивок оган додека сосот малку не се згусне.
Кога е готово, прелијте го сосот врз претходно сварените тестенини и декорирајте по желба.
Пријатно јадење!

Поврзани вести