БОРИСЛАВ КРМОВ КОН ЉУПЧО ПРЕНЏОВ ОД ГРОМ: ВИЕ СТЕ ТИПИЧЕН АПОЛОГЕТ НА ОЛИГАРХИЈАТА!

„Јас, колега Пренџов, обично ги избегнувам личните реплики и се обидувам да се држам до темата, но, овој пат ќе морам да ви вратам. Вие рековте дека само двајца луѓе знаеле од нашата партија, ќе ви кажам дека од вашата партија знаат само еден, тоа е вашиот лидер Стевчо Јакимовски.
Како да ви кажам, го знаат по тоа што човекот буквално треба сликата во речникот да му стои залепена до зборот корупција, за луѓето да имаат појасна претстава за тој збор, вака, пошто го опишува визуелно.
Да се држиме малку супстенцијално. Значи, исто како што кажа колегата Апасиев, вие излеговте како типичен апологет на олигархијата. Значи, само додека беше корона – кризата, мала илустрација зашто правеше приватниот капитал, пошто вие го браневте и нејќевте денар да им чепнете, а што им се случуваше на обичните луѓе.
Само лабораториите имаат ДЕСЕТ МИЛИОНИ ПРОФИТ, а скоро излезе и една репортажа за Аџи Бадем Систина и Жан Митрев кои што ги зголемиле дупло профитите. Внимавајте, во криза кога сите луѓе земаат кредити, за обичните луѓе зборам, земаат кредити да се лечат.”
Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.