Брза грахам пица

Состојки
За тесто
200 гр грахам брашно
125 мл вода
1 пециво
2 лажици масло
1/4 лажичка сол
Додатоци
2 полни лажици ајвар
100 гр свежи печурки шампињони
100 гр сушена шунка
100 гр кашкавал
прстофат оригано

Брза пица …Оваа доза е за една пица, за едно многу гладно лице или за двајца евентуално…Заситува бидејќи е со грахам брашно…
Подготовка
1. Сите состојки за тестото ги ставаме во еден сад и ги соединуваме во средно меко тесто.
2. Тестото го расукувамево големина на тавата за пица.
3. Посипуваме брашно и го ставаме тестото.
4. Размачкуваме ајвар, ставаме сечкана шунка и печурки, распоредуваме кашкавал и посипуваме со оригано.
5 Ја печеме во добро загреана рерна на 300 степени на најдолната решетка.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.