Брза, едноставна и вкусна: Оваа манастирската пита ќе ја подготвувате дури и кога нема да бидат денови на пост

Доста е тешко во деновите кога се пости на вода да се направи разновидно мени, особено кога станува збор за гурманите. Сепак, снаодливите домаќинки секогаш ќе најдат начин сами да направат нешто вкусно и пополнувачко, а ако инспирацијата ја снема, има некои рецепти што доаѓаат од манастирските кујни.
Еден од нив е рецептот за манастирската пита. Лесна за подготовка, брза и ефтина, оваа пита може да се најде на вашето мени дури и кога не постите.
Состојки:
100 гр шеќер
6 лажици џем од кајсија
пола шолја сецкани ораси, урми и суво грозје
500 мл млака вода
сок и рендана кора од портокал
500 гр брашно
1/2 лажици прашок за пециво
рендана кора од лимон
1 лажица сода бикарбона
1/2 лажичка цимет
кристал шеќер и мелени ораси за декорирање
Подготовка:
Вклучете ја рерната веднаш да се загрее на 180 степени. Ставете брашно, прашок за пециво и сода бикарбона во подлабок сад, и измешајте сè добро да се соедини. Потоа додадете суво овошје, рендана кора од лимон и портокал, џем, цимет и кајсија, сок од портокал и вода и сè добро измешајте го.
Со хартија за печење обложете кружен калап со пречник 28 см, истурете ја смесата за пита и израмнете ја со лажица. Печете околу 30 минути.
Изладената торта исечете ја на парчиња, посипете ја со шеќер или мелени ореви и уживајте!и.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.