четврток, 12 ноември 2026
Најново

Брз летен десерт со малини

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Во текот на летото најдобро освежување се овошните десерти. Ова е рецепт за кремаст десерт со малини, но може да го направите со овошје по желба.
Потребни состојки:
-300 г малини
-400 г јогурт или кисело млеко
-1 ванилин шеќер
-2 лажици овесни снегулки
-кафеав шеќер по потреба
Начин на подготовка:
Измешајте го јогуртот со сите состојки, освен со малините. Подгответе чаши па во нив рамномерно ставете половина од вкупната количина малини. Над нив истурете од јогуртот, па украсете со малини, парчиња чоколадо или овошје по желба.

Поврзани вести