четврток, 12 ноември 2026
Најново

Брионски ќофтиња: Овој ручек Јованка му го приготвувала на Тито кога ќе посакал домашна кујна

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Наш предлог за денешниот ручек се ќофтиња од рерна, по рецепт на Јованка Броз.

Потребни состојки
1 кг компири;
1 кромид;
500 грама мелено месо;
2 јајца;
150 грама сланина;
250 грама рендан кашкавал;
50 грама путер;
50 мл масло;
Оригано, бибер, сув зачин, сос од домати.

Подготовка
Сварете ги компирите. Додека се варат, направете ќофтиња од меленото месо, ситно сечкан кромид, сланина и зачини. Варените компири измешајте ги со путерот и направете пире.
Во огноотпорен сад на дното ставете го пирето, одозгора ставете го доматниот сос со зачините, па ќофтињата и печете околу 20 минути на 200 Целзиусови степени. Преку ќофтињата ставете рендан кашкавал и печете уште 5 до 10 минути.

Поврзани вести