Брускети со пршута и крем сирење

Ако не сте многу гладни, тогаш брускетите се идеално решение
Состојки:
багет
две чешниња лук
100 гр крем сирење
150 гр пршута
свеж рузмарин
маслиново масло
Подготовка:
Исечете го багетот на кришки. Истријте го секое парче леб со лук, а потоа кратко потпечете.
Премачкајте ги парчињата со крем сирење и наредете ја пршутата исечкана на листови.
Попрскајте со маслиново масло и украсете со гранчиња рузмарин, а потоа сервирајте.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.