четврток, 12 ноември 2026
Најново

Вака се прават најдобрите пржени лепчиња

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Колку пати сте појадувале пржени лепчиња, но не ви излегле баш најдобро? За да бидат вкусни, потребно е да бидат крцкави на рабовите, но меки во средината, не треба да бидат премногу масни или да загорат.
Некогаш се случува и пократко да ги оставите да се пржат, па ќе останат живи. Трикот е во тоа да знаете како да го исечете лебот и да ја приготвите смесата.
Професионалните готвачи откриваат тајна како да направите совршени пржени лепчиња:

  • Кога го сечете лебот, мора да водите грижа парчињата да не бидат тенки, туку со дебелина од околу 1,5 центиметар. Задолжително е лебот да биде бајат, инаку нема да излезат добри.
  • Никако немојте да ги пржите на путер, туку користете масло. Правилната мерка за смесата е 1/4 шолја млеко и едно јајце на 2 парчиња леб.
  • Ако сакате да го збогатите вкусот на пржените лепчиња, додајте зачини како што се црн бибер, ким или пармезан, а ако ги правите слатки, циметот или ванилиниот шеќер се задолжителни.

Поврзани вести