Вегетаријански бургери од киноа и спанаќ

Овие бургери од спанаќ и киноа се вкусни, вегетаријански и полни со протеини и хранливи материи. Погледнете го рецептот и направете ги уште денес.
Вегетаријански бургери од киноа и спанаќ
Потребни состојки:
150 г неварена киноа
450 милилитри вода
4 јајца
120 г пармезан или по избор
2 китки млад кромид
3 чешниња лук
150 г спанаќ на пареа
150 г лебни трошки
1 лажичка маслинов зејтин


Начин на подготовка:
Исплакнете ја киноата и ставете ја во сад заедно со водата. Гответе за 20 минути.
Потоа комбинирајте ги изматените јајца, киноата, пармезанот, сечканиот млад кромид, истолчениот лук, спанаќот и лебните трошки. Оставете за неколку минути за да се апсорбира течноста. Смесата треба да биде влажна. Потоа формирајте бургери.
Загрејте го зејтинот во голема тава на среден оган. Гответе ги бургерите покриени за 8 до 10 минути од секоја страна. Треба да добијат златна боја. Потоа уживајте и добар апетит!

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.