Велигденска торта: Лесна за подготовка, без печење

Потребни состојки:
150 грама мелени бисквити
100 грама мелени ореви
100 грама растопен путер
100 грама суво грозје потопено во рум
100 грама желе бонбони
2 лажици млеко или сок
200 мл слатка павлака
100 грама кисела павлака
1 ќесичка желатин
ореви или чоколадо за декорирање
500 грама јагоди или друго овошје (малини, капини, банани)
Начин на подготовка:
Ставете ги мелените бисквити во сад, додајте ги оревите, сувото грозје и исечканите желе бонбони. Додајте ги растопениот путер и 2 лажици сок или млеко. Мешајте ја смесата додека не се соедини. Турете ја смесата во плех и притиснете ја со лажица до дното за да ја израмните.
Оставете ја смесата да стои во замрзнувач 30 минути. Во меѓувреме, изматете ги слатката и киселата павлака. Стопете го желатинот како што пишува во упатството за употреба и полека додајте го шлагот. Внимавајте да не ја изматите киселата павлака премногу и да се направат грутки. Наредете половина сантиметар шлаг на смесата од замрзнувачот и потоа наредете јагоди. Додајте го остатокот од шлагот и израмнете. Одозгора ставете чоколадна глазура или мелени ореви. Оставете ја тортата да отстои во фрижидер преку ноќ.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.