четврток, 12 ноември 2026
Најново

Вкусен персиски пилав

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Јадење од ориз кое војската на Александар Македонски го донела во Македонија по што се проширило и низ Европа.
Пилав е јадење од варен ориз. Името потекнува од турскиот назив pilav, кој пак е позајмен од староперсиското پلو, што се изговара палау, односно од иранското polów.
Пилавот обично се смета за еден од најстарите начини на подготовка на ориз, кој има персиски корени. Познато е дека му бил послужен на Александар Велики по неговото заземање на Самарканд, главниот град на Согдијана. Подоцна војската на Александар го донела ова јадење назад во Македонија и тоа се проширило низ цела источна Европа.
Потребни состојки:
½ парче пилешко
250 gr ориз
1 кромид
60 gr путер
400 ml пилешка супа
2 домата
1 морков
60 gr толчени ореви
1 лажичка мајчина душица
бибер (по вкус)
сол (по вкус)
Подготовка
Пилешкото сварете го во околу 600 ml вода. Извадете го, одделете го од коските и исечкајте го на тенки парчиња.
Измиениот ориз згответе го во тенџере со вода во сооднос од еден до два и пол, според упатството на пакувањето. Кога ќе се свари, исцедете го.
Во тава со путер пропржете ги кромидот и морковите додека не се карамелизираат.
Додадете сол, бибер, мајчина душица и пилешкото и пржете 5 минути. Посипете ги со топла супа и на попарени, излупени и исечкани домати и ореви и варете додека не испари водата од доматите.
Додадете сварен ориз, промешајте и тргнете го од оган.

Поврзани вести