Вкусна и мека погача од стар леб: Печиво со сирење и шунка кое се прави за ‘момент’

Лесната подготовка и едноставните состојки го прават овој рецепт омилен за младите домаќинки!
Состојки:
– 10 јајца
– 350 мл. млеко
– 2 лажици сенф
– сол, бибер
– 1 лажичка лук во прав
– 150 гр. леб
– 400 гр. шунка
– 150 гр. тврдо сирење


Подготовка:
Изматете ги јајцата, додадете го млекото, сенфот, солта, биберот и лукот во прав.
Подмачкајте ја тавата со путер, додадете го лебот исецкан на коцки, сецканата шунка и крупно изренданото сирење.
Печете околу 45 минути, додека печивото не добие златно жолта боја.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.