четврток, 12 ноември 2026
Најново

Вкусно и здраво – рецепт за палачинки од хелда

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Една од најважните карактеристики на хелдата е што не содржи глутен, што ја прави идеален избор за луѓето кои се нетолерантни на глутен или од диететски причини сакаат да го намалат или исфрлат глутенот од исхраната.
Потребни состојки:
250 г хелдино брашно
10 г сол
2 јајца
600 мл филтрирана вода
2 лажички маслиново масло


Начин на подготовка:
Промешајте брашно, сол и јајца и сипете ја водата за да добиете изедначена смеса, потоа додајте маслиново масло. Загрејте ја тавата или апаратот за палачинки и премачкајте го со малку масло или путер. Сипете ја смесата, почекајте да се почне да се одвојува од страната, свртете ја и оставете ја да се запече и од другата страна. Филувајте по вкус и уживајте.
Најдобрите состојки за палачинки од хелда се шунка, сирење, јајца или шампињони

Поврзани вести