Внесете го новогодишниот дух во вашиот дом со помош на овие медени колачиња

Потребни состојки:
150 грама путер
150 грама мед
350 грама брашно
100 грама мелени ореви
1 големо јајце
1 кафена лажичка сода бикарбона
Зачини по желба (цимет, ѓумбир…)


Начин на подготовка:
Ставете го брашното во голем сад, додајте ги сода бикарбоната и оревите и добро измешајте. Ако користите зачини, ставете ги и нив во оваа фаза од подготовката. Исечете го путерот на листови, па и него додајте го во брашното и измешајте го со раце.
Во смесата со брашното додајте го претходно изматеното јајце и добро измешајте. Па, додајте мед и со раце замесете го тестото коешто потоа ќе го замотате во пластична фолија и ќе го ставите во фрижидер на саат време.
Откако ќе се олади, извадете го од фрижидер и почнете да го двоите и да ги обликувате колачињата. Наредете ги во тава за печење која ќе ја обложите со хартија за печење. При редењето, внимавајте да има простор помеѓу нив, затоа што во текот на печењето ќе се зголемат и може да се спојат.
Печете во рерна загреана на 180 степени Целзиусови, околу 10 минути, или додека не забележите дека рабовите на колачињата добиле темно кафена боја.
Глазура за декорација на колачињата
Потребни состојки:
100 грама шеќер во прав
3 супени лажици лимонов сок
Измешајте ги шеќерот и сокот од лимон. Глазурата не смее да биде премногу густа, но не треба ни да се разлева. Тестирајте ја густината на глазурата така што ќе црпнете со лажица и ќе ја пуштите да се лизга по неа. Ако пребрзо паѓа, додајте уште малку шеќер, а ако тешко се одвојува, разредете ја со малку лимонов сок.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.