четврток, 12 ноември 2026
Најново

ГУРМАНСКИ РУЧЕК ГОТОВ ЗА 15 МИНУТИ: Се спрема во едно тавче, исчезнува од него во секунда!

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Љубителите на добри закуски сигурно досега имаа можност да пробаат многу рецепти со пилешко, но овој е толку добар што веднаш ќе го запишете во вашата книга со омилени рецепти.
Белото месо не содржи јаглехидрати, а имајќи предвид дека прекумерното внесување на јаглехидрати е една од најчестите причини за дебелина, не е чудно зошто белото месо е составен дел од многу планови за здрава исхрана.
Сепак, постои начин да се подготви, и да се направи многу вкусен и заситен.
Печењето, динстањето и готвењето се најздравите начини да ги држите под контрола мастите во оброците, а се препорачува белото месо да се јаде пред и после тренинг, како и пред спиење.
За да го подготвите овој вкусен ручек не ви треба многу време, ниту знаење, а нема да останете ни со куп валкани јадења.
Состојки:
700 гр бело месо
300 гр печурки
150 мл павлака за готвење
150 гр тврдо сирење
40 гр путер
Подготовка:
Загрејте го путерот со малку маслиново масло, па пржете ги сечканите печурки околу 10 минути. Извадете ги од тавата, па додадете уште малку маслиново масло.
Посолете и бибер на месото, па печете од двете страни по 2 минути. Сипете ја павлаката за готвење и на секое парче месо ставете одредено сирење.
Вратете ги печурките, покријте ги и варете уште неколку минути на умерена температура.

Поврзани вести