Данел Крег и Рејчел Вајс во пиесата на Пинтер

Брачната двојка во вистинскиот живот, Даниел Крег и Рејчел Вајс ќе ја толкуваат прељубничката двојка во бродвејската продукција на драмата на Харолд Пинтер „Прељуба“.Во текстот на славниот Харолд Пинтер од 1978 година станува збор за љубовен триаголник коишто го сочинуваа брачната двојка Ема (ќе ја толкува Рајчел Вајс) и Роберт (Даниел Крег), како и неговиот пријател и нејзин љубовни Џери (Раф Спол).За Вајс тоа ќе биде прва улога на Бродвеј, додека Крег последен пат на оваа њујоршка сцена настапи во 2009 година во претставата „A Steady Rain“ во која глумеше со Хју Џекмен.Режијата на пинтеровата „Прељуба“ му е доверена на Мајк Николс, а премиерата е најавена за 3-ти ноември годинава во театарот Баримор.Крег, кој неодамна потпиша договор за снимање уште најмалку два филма од франшизата за имагинарниот таен британски агент Џејмс Бодн, и Вајс којашто глуми во актуелниот хит „Царството на големиот Оз“, заедно настапија во хоророт „Dream House“.
МакфаксБрачната двојка во вистинскиот живот, Даниел Крег и Рејчел Вајс ќе ја толкуваат прељубничката двојка во бродвејската п

Пронајдете не на следниве мрежи: