Динстани шницли

јунешки шницли
600 г домати
200 г кромид
200 г моркови
300 мл бело вино
4 чешниња лук
1 лажица сечкан магдонос
2 лажици сув зачин
масло, сол и мелен црн пипер по вкус

Кромидот, морковите и излупените домати исечкајте ги на кругови, а магдоносот ситно исечкајте го. На дното на тенџерето наредете кругови зеленчук и наросете магдонос. Додадете ги исечканите чешниња лук и попрскајте со масло.
Шницлите зачинете ги, наредете ги во тенџерето и додадете го преостанатиот зеленчук. Повторно попрскајте со масло и додадете го виното. Откако месото ќе омекне сервирајте.

 

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.