Домашен гвакамоле сос

Сосот гвакамоле е веројатно најпознатиот оброк од авокадо и може да се јаде како сос или салата. Постојат различни рецепти за ова јадење, а еве еден одличен.
Состојки:
Едно авокадо
½ зелен лимон
½ лажичка сол


½ кромид
1 ½ лажичка свеж магданос или доколку можете да најдете свеж коријандер
1 поголем домат
2 чешниња лук
Цили пиперчиња по вкус
Во сад со средна големина измешајте го авокадото, сокот од лимон и солта. Измешајте, а потоа додадете го кромидот, магдоносот, доматот и лукот исецкани на коцки, како и мелениот пипер.
Кога се добро ќе измешате, нека остане околу еден час во фрижидерот, за да има подобар вкус.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.