Домашен сок од нане: вистинско освежување за топлите летни денови

Покрај овошните сокови и чаевите, можете да пробате да си направите и сируп од нане што дефинитивно ќе ве освежи.
Потребни состојки:
10 гранчиња нане
Шеќер по желба
10-тина грама лимонска киселина
Лимон


Начин на подготовка:
Потопете ги гранчињата нане во вода со лимонска киселина и парчиња лимон. Добро измешајте и оставете да отстои 24 часа на темно место.
Следниот ден прецедете ја течноста, додајте го шеќерот и добро промешајте. Повторно оставете да отстои 24 часа, со повремено мешање.
Следниот ден сирупот е подготвен за складирање. Најдобро да го ставите во стаклени шишиња и да го чувате на студено и темно место.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.