Домашно гиро со свинско месо

Гирото е грчко јадење кое во Грција се прави најчесто со свинско месо. Не постои некој којшто не обожава гиро, па пробајте го овој рецепт на Мартина Трајаноска.
Потребни состојки:
Гиро пити
Свинско месо
Салата
Сос
Помфрит
Начин на подготовка:


Секое парче месо исечете го на мали тенки парчиња. Комбинирајте со вашата омилена салата, помфрит и сос во домашни или купечки тортиљи. За тортиљите потребно ви е само јогурт, брашно и печиво, оформувате тесто и го делите на топчиња. Доколку има потреба додадете малку брашно(зависи од густината на јогуртот, но тестото е лепливо и меко, откако ќе го измесите измијте раце и со продолжете со намрсени раце). Најдобро е тестото поделено на топчиња да го оставите да постои барем 10 минути. Секое топче го расукувате или развлекувате ептен тенко со намрсени раце на намрсена површина. Се пече во тава за палачинки. Ставете ја тортиљата и печете по околу 2-3 минути од двете страни. Секоја испечена тортиља попрскајте ја со вода и редете ги една врз друга.
За сосот измешајте павлака или грчки јогурт со малку мајонез и сок од лимон, па додадете рендана свежа или кисела краставичка(по желба) и зачинете со сол и сув магдонос.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.