Евтино, а вкусно: Макарони со компири и сланина

Ова евтино јадење со компири и сланина е толку вкусно што сите ќе бараат набрзо повторно да го направите, а совршената комбинација на состојките го прави едноставно неодоливо.

Компирите се меѓу поевтините намирници и од нив можете да направите разни јадења, а едно од нив е и ова со макарони.

Потребни состојки:

1 кг компири
400 гр макарони
1 кромид
150 гр сланина
магдонос
сол
бибер
Подготовка:

Компирите сварете ги нелупени, па процедете ги, а кога ќе се изладат излупете ги. Во тава пропржете сечкана сланина додека не стане крцкава. Во истата тава пропржете го ситно исечканиот кромид, а кога ќе омекне додадете ги компирите кои претходно сте ги свариле и исечкале. Потоа додадете сварени и процедени макарони и измешајте. На крајот додадете сланина, посолете и побиберете, па измешајте. На крајот, готовиот сад со компир посипете го со сечкан свеж магдонос.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.