Егзотично кафе со индиски ореви

Започнете го денот на најдобриот начин!
Потребни состојки:
350 милилитри свежо подготвено еспресо (или друго силно црно кафе)
20 грама индиски ореви
1-2 лажички мед


Прстофат розова хималајска сол
Начин на подготовка:
Ставете ги сите состојки во блендер и матете околу 1 минута или сè додека не добиете хомогена смеса. Започнете го матењето со најмала брзина и полека зголемувајте го на околу 15-тина секунди сè додека не стигнете до максималната брзина за да добиете покремава смеса. Сипете го кафето во шолја и уживајте!

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.