четврток, 12 ноември 2026
Најново

Едноставно, вкусно и брзо: Ќофтиња од грав

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Наместо од мелено месо, како за промена направете ќофтиња од грав.
Ќофтињата обично се прават од мелено месо, а кај нас народот обожава да ги комбинира со сос од домати и пире од компири.

Денеска ви носиме рецепт за вкусни ќофтиња од зеленчук кои ќе ви се допаднат на првиот залак, а чија подготовка не е нималку напорна. Комбинацијата од различни зеленчуци, мешунки и зачини е едноставно совршена, а со вака подготвените ќофтиња доволно е да се послужи само салатата.

Потребни состојки:
400 гр конзервиран грав
8 печурки
2 главици виолетов кромид
2 чешниња лук
1 лажичка сол
1 лажичка бибер
1 лажичка оригано
1 лажичка блага пипер
1 лажичка ким
1 јајце
8-9 лажици презла
1 лажичка сенф
200 гр конзервирана пченка
½ китка магдонос
маслиново масло
Подготовка:
Убаво изблендирајте еден кромид и печурките, па пропржете ги во тава во која сте загреале малку масло. Во блендерот додадете ги процедените грав, пченка, другата главица кромид и чешнињата лук и кратко изблендирајте. Потоа додадете зачини, јајца, презла, сенф и сечканиот магдонос и убаво измешајте со раце. Во добиената смеса додадете ги пржените печурки и кромидот и измешајте. Формирајте ќофтиња и пропржете ги.

Поврзани вести