четврток, 12 ноември 2026
Најново

ЖЕЛЕ ТОРТА: Овој десерт можат да го јадат без престан и оние кои се на диета!

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Дали некогаш сте слушнале за здрава торта? Ние најдовме рецепт за една! Иако звучи неверојатно, всушност е можно да уживате во слатки без грижа на совест.
Многу брзо и лесно се прави, а се што ви треба е:
Сечкано овошје по желба
Боја за колачи
200 гр шеќер или засладувач
1л вода
Подготовка:
Прво подгответе го желатинот. Гранулираниот желатин се раствора во ладна вода, а кога ќе набабри се загрева на пареа.
Многу е важно при загревање на желатин неговата температура да не надминува 60 степени, бидејќи тогаш ќе ја изгуби својата желатинска структура.
Ако користите течен желатин, додадете го во водата и загрејте го, па додадете малку прехранбена боја. Кога желатинот е готов, додадете ги шеќерот и овошјето кои претходно сте ги исецкале.
Оставете да се излади на собна температура, па ставете го во фрижидер. Колачот ќе биде готов за консумација 4 часа по ставањето во фрижидер.

Поврзани вести