четврток, 12 ноември 2026
Најново

Запечени тиквички со два вида кашкавал

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Тиквички со два вида сирење запечени во рерна – идеален избор за денешниот ручек.
Потребни состојки:
3 тиквички
3 јајца
3 чешниња лук
200 г рендан кашкавал
100 мл павлака за готвење
30 г рендан пармезан
2 лажици путер
1 лажичка босилек
Сол и бибер


Начин на подготовка:
Загрејте ја рерната на 180 степени.
Измијте ги тиквичките, излупете ги и исечете ги на кругови со дебелина околу половина сантиметар.
Тавата за печење премачкајте ја со путер, па во неа наредете ги тиквичките. Врз тиквичките додајте го изренданиот кашкавал.
Во сад изматете јајце, пармезан, павлака за готвење, сол, бибер, босилек и лук. Прелијте ја смесата врз тиквичките и ставете ги во рерна да се печат околу 25 минути.
Извадете ги од рерна, додајте го преостанатиот кашкавал и печете уште 5 до 10 минути додека да се растопи кашкавалот и да се запече.

Поврзани вести